Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски укажа на претпазливост за можност за непочитување на примената на Деловникот.
– Согласно Член 81, став 1, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство на пратеници потребно за одлучување. Затоа што потоа говорник ни е координаторот на пратеничката група на СДСМ, ја користам приликата, во случај да не реши претседателот на Собранието да ја затвори седницата, сите заедно рационално да прикажеме дека членството во ЕУ го заслужуваме, рече Мицевски.
Тој побара да се гласа на денешната седница, со оглед дека се присутни доволно пратеници.
– За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не бидеме обвинети дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, кажа тој.
„Се надевам дека детските болести во Собранието ни се надминати. Нема Претседателот на Собранието да го земе правото сам да одлучува и да ја прекине седницата. Убавината на демократијата е да имаме мислење за искажаните ставови и дискусии на сите пратеници“, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.