После 3 недели дискусии, разговори и убедувања очигледно е дека за различни работи разговараме, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски при неговото процедурално обраќање на денешната собраниска седница.
„Не слушнавме ниту во експозето на премиерот за министрите кои планира да ги постави која е целта и кои се нивните квалитети. Не слушнавме ниту од колегите пратеници да застанат во заштита и обрана за оние кандидати за министри кои планираат да дадат поддршка и зошто ќе ги поддржат“, рече Мицевски.
Мицевски посочи дека пред само една година беше обидот за формирање на Влада, а сега имаме нова Влада во која излезени се дел од партиите кои беа тогаш кога не убедуваа дека тоа е проевропската Влада и се наоѓаме на самиот почеток
„Очигледно разговарајќи за различни работи на една страна пратениците од СДС и ДУИ, владејачкото мнозинство и Владата на друга страна пратениците од опозицијата и анкетите за јавно мислење на граѓаните“, дециден е Мицевски.
Тој додаде дека доволен број аргументи се кажаа денеска и бидејќи нема што да опструира власта сега ќе пробува со паузи да се соберат и да се убедуваат за мнозинството кое треба да го имаат.
Мицевски потенцираше дека срамота е и недолично е на 10 минути пред завршување на седница власта не може да ги собере пратениците потребни за седница , па затоа тука сме дајте заедно да го ставиме на гласање и да го изгласаме ова. Во спротивно тоа значи дека продолжуваат преговорите за владино мнозинство и уцени
„Бидејќи во моментов имаме доволен број на пратеници во салата потребно за одлучување по однос на владата. Ве повикувам вас и владејачкото мнозинство бидејќи ја обвинувате опозицијата дека го кочи донесувањето на Владата и владините седници кои треба да се случат, како и министерските места кои вие ги оставивте и без министри и без заменик министер, барам да ја ставите точката сега на гласање и да се изјасниме по однос на Владата“, вели Мицевски.