Апсолутно сме подготвени и не само што сме подготвени туку и народот ги очекува затоа што навистина треба еднаш на мегдан да излеземе со ставовите со кои ги спротивставуваме, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени парламентарни избори.
Мицевски додаде дека консензус нема за уставните измени.
-И јас можам да ви кажам дека и покана официјална за она што вчера го најави премиерот Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ нема стигнато. И тука е најголемиот проблем на владејачкото мнозинство затоа што пред да почне дебата за било која тема, ја отпочнуваат со официјални информации на социјалните мрежи. Еве ВМРО-ДПМНЕ пред да влезам во емисијата, официјално покана за таа средба што ја најави премиерот Ковачевски нема, рече Мицевски.
Тој потсети и на фамозните прес конференции кои што се држеа во насока во 21 часот. ВМРО-ДПМНЕ кога излезе со предлог мерки за справување со кризата, тогаш веднаш од Владата се најави вонредна прес конференција на премиерот Ковачевски каде што тој најави одредени мерки, па дури замоли утредента пратеничките прашања кои што требаа да се одржат да не се одржуваат само за да се изгласаат владините вонредни мерки. Па се дојде до ситуација дел од тие мерки кои што беа најавени на вонредната прес конференција да се уште не се пристигнати во Собранието како законски решенија.
-Очигледно дека идејата е да се пушти во јавноста еден пробен балон, па потоа да разговараме за тоа дали може или не може, појасни Мицевски.
-ВМРО-ДПМНЕ одговори денеска за таа лидерска средба и она за што треба да се разговара во наредниот период, а тоа е основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ако има средба, и зависи од форматот во која што ќе се одржи, на таа тема да учествуваме и да зборуваме. Затоа што денеска има две нови теми, тоа е историски најголемиот буџет од 5,3 милијарди евра кој што се планира и денеска има поминато на Влада, и едно како би рекол смешно замрзнување на цените на огревното дрво од 6.500 денари од кубик, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Мицевски рече дека начинот за покана на лидерска средба не се прави на тој начин на кој што сака власта.
-Да зборуваме за тоа што се тековни проблеми за граѓаните, значи дајте да зборуваме за пакетот мерки кој што ВМРО-ДПМНЕ го презентира. Дајте да зборуваме за теми тековни, граѓаните имаат проблем да поминат ден со ден да врзат. Ние пет месеци предлагаме намалување на ДДВ-то на акцизите на пола за да се намали цената на гориво. Јасно е зошто тоа не се прави затоа што со дефицитот кој што е планиран за оваа година 700 милиони евра треба да се соберат народни пари, појасни Мицевски.