Пратениците од мнозинството имаат двојни аршини затоа што истите овие пратеници пред само 13 месеци пишуваа дека ја избрале европската влада, дека европскиот фронт и пат победил, дека ова се министрите кои ќе ги направат реформите кои што ги ветува на граѓаните. Ама истите овие пратеници кои што имаа двојни аршини не знаеја да напишат деновите пост и да се извинат на своите граѓани за разрешувањето на замениците министри, рече денеска од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Мицевски беше саркастичен и додаде дека довербата на парламентарното мнозинство пораснала од 64 на 62 пратеници.

Довербата во оваа влада и во она што го слушаат пратениците од власта бидејќи ниту еден нема храброст и да продискутира од вчера до денес порасна од 64 на 62 пратеници, рече тој.

Мицевски смета дека ова е тендерашка и нереформска влада, како и дека кога СДС беше во опозиција маршираа дека нема правда, за денеска да тргуваат со министерството за правда.

Ова е нереформска, антимакедонска и тендерашка влада. Овие пратеници зборуваа за правда, биле борци за правда имаа маршови до пред некоја година дека нема правда и внимавајте истите овие борци за правда го дадоа министерството за правда. Единствениот министер кој што не доаѓаше од министерствата, односно доаѓаше од фелата човек кој што можеше и имаше желба беше излицитиран и истргуван, истакна Мицевски.