Мицкоски изјави дека целиот процес е заглавен, а и Радев денеска потврди поради тоа што Бугарија инсистира декларацијата на бугарскиот Парламент да биде дел од преговарачката која што ќе постои при евентуален почеток на преговори на Македонија со ЕУ, иако спротивно не убедуваше Зоран Заев дека ќе се потпишел протокол во кој што немало да биде содржана рамката на бугарскиот Парламент.
– Денеска Радев тоа го кажува во неговата изјава дека на почетокот на ноември ќе добиеле протокол и доколку тој протокол содејствува со рамката на бугарскиот парламент и да биде тоа вклучено во преговарачката рамка, тогаш тие ќе го поддржеле преговарачкиот процес, вклучувајќи и амандман за вклучување на бугарско малцинство во Македонија, незначително бугарско малцинство во Македонија во рамките на Уставот, изјави Мицкоси.
Мицкоски истакна дека за да помине тоа барање на Бугарија во македонскиот парламент потребно е двотретинско мнозинство кое Заев го нема, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи истото да помине доколку Македонците во Бугарија не влезат во бугарскиот Устав.
– Она што јас го добив како информација е дека Зоран Заев ветува се и сешто вклучително и дека тоа ќе го прифати само да опстои подолго на политичката сцена. Треба да знае и Радев и бугарските политичари дека за промена на Уставот во Македонија се потребни две третини, а ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати било каква промена на уставот и овој амандман доколку немаме реципроцитет и од стана на Бугарија, односно вклучување на македонското малцинство во Бугарија како конститутивен народ во рамките на бугарскиот Устав и признавање на сите одлуки на Судот за човекови права во Стразбур и Резолуцијата на Европскиот Парламент, бидејќи до овој момент Македонците во Бугарија се спречени да се организираат во свои здруженија, потенцира Мицкоски.