Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, одговори на обвинувањата на СДСМ за набавка на 100 електрични автобуси, порачувајќи им дека доколку е грев тоа што оди по светот и бара фабрика да инвестира во Македонија се со цел подобрување и на квалитетот на живот на скопјани и на подобрување на квалитетот на воздухот, тогаш веднаш да го уапсат и воопшто да не чекаат.
Ако е грев тоа што сакаме да го подобриме комфорот на скопјани, квалитетот на животот на скопјани, да го подобриме квалитетот на воздухот, затоа што изминатите четири години буквално ништо не беше преземено, а кое тоа грев да одиме по светот и да бараме инвеститори кои што ќе отворат фабрика во Македонија, ќе вработат Македонци, ќе ги платат тие Македонци и од Македонија ќе извезуваат оваков тип на возила во Европа, тогаш да не чекаат веднаш да дојдат и да ме апсат, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски додаде дека задоволство за него и неговиот тим е и ако обезбедат и едно ново работно место, укажувајќи ако е тоа грев, тогаш признава дека е грешен.
Не да прават истраги, веднаш да дојдат да ме апсат, од студиото сега надвор да дојдат и да ми ги стават лисиците и да одам во затвор, ако е ова грев што го правам, грешен сум признавам, истакна тој.
Но знам дека и за мене и за тимот со мене што работи задоволство ако успееме да обезбедиме и едно ново добро платено место и еден мој дипломиран студент да го задржам во Македонија и да го предомислам кој што решил да ја напушти, веднаш после дипломирањето, ако е тоа грев веднаш да дојдат да ме апсат, ич да не чекаат, порача претседателот Мицкоски.