Опозицискиот лидер посочи дека токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи ѝ да ги продолжи криминалните дејствија, а сега, како што вели, истите тие ја бркаат од владата.
Неморален и неполитички – вака претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го оцени потегот на премиерот Димитар Ковачевски со кој тој одлучи министрите и заменик-министрите од редовите на Алтернатива да ги замени со кадри на Алијанса за Албанците.
Опозицискиот лидер посочи дека токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи ѝ да ги продолжи криминалните дејствија, а сега, како што вели, истите тие ја бркаат од владата.
„Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. Ќе потсетам дека по ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.
Во пресрет на утрешната собранiска седница на која ќе се расправа за предлог-реконструкцијата на Владата, Мицкоски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во 10 часот ќе има координација на која партијата ќе носи одлука како да настапи на собраниската седница.
На координативниот состанок ќе присуствува и партискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Очекувам да има расправа по разрешувањето на тројцата министри во претходниот состав на Владата. Утре во 10 часот ќе имаме координација со пратеничката група на која ќе присуствувам и јас и таму ќе ги заземеме позициите коишто понатаму ќе треба да ги браниме на собраниската седница“, изјави Мицкоски по донаторската емисија што Канал 5 телевизија ја организираше за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија.
Минатата недела ТВ Клан објави дека лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имале средба во Собранието. На излегување од зградата на парламентот, Гаши не негирал дека имал средба со лидерот на најголемата опозициска партија.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврдел дека во Собранието имал средба само со координаторот на пратеничката група на партијата, Никола Мицески, а со Гаши само куртоазно се поздравиле во ходник во зградата на Собранието.