-Она кое што ние го поддржуваме е правда. Никој не вели дека поддржуваме насилство. Напротив, во Македонија постои судска пракса да дел од случаите во кои што има основано сомнение дека биле политички инструирани започнуваат во повторно судење и од почеток за да се аргументираат двете страни. И од една страна на Обвинителството и од другата страна на лицата кои што се обвинети. Тоа е кое што ние се залагаме бидејќи ако го набљудувате случајот за овие кои се осудени за тероризам можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор, ќе видите дека судијата кој ги изречи овие драконски казни е судија кој како да полагаше усмен испит пред да стане Уставен судија. А нормално од другата страна нарачателот доколку биде задоволен, таа ќе биде промовирана во Уставен судија, што и се случи. Очигледно дека тој беше задоволен, а таа стана Уставен судија, рече Мицкоски.
Вели дека тоа што го бара ВМРО-ДПМНЕ е правда и ништо повеќе.
-Не треба да има привилегирани групи на граѓани, не треба да има граѓани кои што ќе бидат блиски до ВМРО-ДПМНЕ, до СДСМ, ДУИ, Алтернатива, Алијанса или останатите политички партии. Едноставно, во оваа држава има чесни и честити граѓани коишто го почитуваат Уставот и Законите и оние кои што се криминогени луѓе. Тие што се криминогени луѓе треба да одговараат.