Без силна економија нема силна држава, а силна е државата онолку колку што ние ќе ја направиме таа да биде силна. Затоа на следните избори е многу важно добрите луѓе да не останат дома, ако останат дома бираат лоши политичари. Затоа добрите луѓе да излезат и да гласаат масовно за да изберат добри политичари, не политичари кои ќе не направат најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа. Политичари кои ќе не однесат во иднината, коишто ќе донесат напредни технологии, коишто вистински ќе ја дигитализираат Македонија, кадешто ќе владее правото, кадешто ќе имаме чесни луѓе коишто ќе знаат како да управуваат со сите институции, напиша на фејсбук лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.