Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија мора да се крене на нозе и дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски избори мора да победи.
„Овој народ, оваа Македонија има сила да биде држава каква што сите заслужуваме.
🇲🇰 Затоа што Македонија е нашиот дом!
🇲🇰 Затоа што Македонија е нашата татковина!
🇲🇰 Затоа што Македонија заслужува најдобро!
Одиме на убедлива победа. Да ја кренеме Македонија на нозе. Македонија која е твоја. Наша. Заедничка.
Главите горе! Да ја обновиме надежта, за заедничка среќа. Доаѓаат реформи, големи одлуки. Луѓе со интегритет“, стои во неговиот пост на Фејсбук.