ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на насобраните граѓани кои дојдоа во повеќеилјаден број денеска во Скопје на првиот народен собир во рамките на кампањата за претседателските избори за да ја поддржат професорката Гордана Силјановска Давкова. Столбовите на програмата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ се клучни за да се реализира визијата за изградба на подобро општество кое е изградено и им служи на врховниот суверен – граѓаните!

Тој им порача и на пензионерите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се грижи за нив.

Вие сте биле што сме, ќе бидеме што сте. И вие добро знаете дека вашето достоинство го нарушува неодговорното владеење. Притиснати сте со проблеми, и наместо на вашата возраст да ги минувате најубавите времиња и уживате во плодовите од вашата децениска работа, принудени сте да протестирате за правата кои ви следуваат. Ќе ги покачиме пензиите за 5 илјади денари, но и ќе го вратиме достоинството на пензионерите. Верувајте во нас и дадете ја вашата поддршка, им вети Мицкоски на пензионерите.