Вака ли избегнавме италијанско сценарио како што се фалат Заев и Филипче? Македонија се најде на врвот по смртност од КОВИД-19 на 100.000 жители во период од седум дена. Речиси двојно полоши од Бразил која е топ тема во светските медиуми за смртните случаи и четири пати полоши од Србија и Европската Унија.
Тоа го потврди и реномираниот „Financial Times“ чија анализа за стапката на смртност во последниве седум дена, Македонија има 2 смртни случаи на 100.000 жители, додека Србија има 0.55, а земјите од Европската Унија 0,5.
Вашата неспособност чини животи, едноставно колку побрзо си одите, толку повеќе животи ќе се спасат, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски до Заев и Филипче: Колку побрзо си одите, толку повеќе животи ќе се спасат!
М
Македонија трета во светот по бројот на починати од #COVID19 на 100.000 жители. Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се огласи со статус на својот Фејсбук профил.