Знам, за вас нема тајни затоа што вие повеќе се занимавате со туѓите животи отколку со тоа што треба да го работите. Затоа сме први по бројот на луѓе кои го загубија животот и тоа е поради тоа што сте неспособни да се справите со ковид пандемијата година и половина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со Зоран Заев во емисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

-Дека се занимавате со туѓите животи, а не си ја вршите работата затоа ви умираат луѓе од ковид и ви горат живи луѓе. И тоа им е јасно на сите, рече Мицкоски.

Вели дека тој јавно ги повикал граѓаните да се вакцинираат и дека е за вакцинација како што пишува во еден од статусите кој Зоран Заев го цитираше за време на дебатата.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предупредило на политиканството од страна на надлежните и затоа сме во оваа ситуција.

-И сега имаме калкулантство и предупредувавме дека ќе дојде до делта сојот, предупредуваше Комсијата за здарсвтво и затоа денес сме рекордери по изгубени животи, рече Мицкоски.