Овој договор треба да биде споделен со македонската јавност, со вас медиумите, па вие потоа да отворите јавна дебата и да можеме да зборуваме очи во очи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали според него е прифатливо само пратениците кои имаат безбедносен сертификат да го видат договорот кој владата на СДСМ и ДУИ го потпишала со Бехтел и Енка.
Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период пред јавноста соопшти најмалку 10тина дилеми за кои што смета дека се историски криминални, нагласувајќи дека Македонија секогаш губи кога и да е СДСМ на власт.
Ние отворивме најмалку 10тина дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа. Значи кога СДСМ, дали во тоа време водечки или малцински партнер како што е сега, секогаш губи Македонија, се менуваат знамиња, се менуваат имиња, се отвораат, се затвораат устави, се каде државата, транзиција, ваков тип на договори и ова мора да го знае јавноста, бидејќи многу скоро од денеска ќе имаме избори и ќе одлучуваме дали сакаме такви политичари да ја водат Македонија или сакаме луѓе кои што градат, кои што создаваат, рече Мицкоски.
Според претседателот Мицкоски граѓаните се тие кои што на следните избори ќе одлучат кој сака да ја води државата дали СДСМ која ја кради, срами и понижува или ВМРО-ДПМНЕ која создава и гради.
На следните избори народот ќе одлучува дали овие кои што ја пљачкосуваат, срамат и понижуваат Македонија, или опција која што гради создава и практично опција која што ја брани Македонија. тоа е суштината. Така што треба сите ние да знаеме каков ќе биде нашиот избор на следните парламентарни избори, посочи Мицкоски.