– Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови, ќе се подржуваме во определени општини, ќе се подржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Таму каде што Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ нема да има и обратно, рече Мицкоски.

Оваа коалиција, како што рече Мицкоски, ќе ги победи поделбите, криминалот и корупцијата и ќе покаже дека Македонија има можности со политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.

– Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат, рече Мицкоски.