Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ.

Според него народот е јасно против политиките на оваа влада во која се СДСМ и ДУИ.

„На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.

Претседателот Мицкоски информира и за какви информации има за однесувањето на ДУИ на терен.

„Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ“, заклучи Мицкоски.