– Коментирајќи ја одлуката на владата да даде негативно мислење за предлогот за една изборна единица и отворени листи, Мицкоски вели дека менувањето на ставови од страна на Заев не го изненадува.

Тој вели дека Заев постојано ги лаже малите коалициони партии и на тој начин го гази нивното достоинство. Смета дека тие треба да ја напуштат неговата коалиција.

– Малите партии треба час поскоро да ја напуштат таа коалиција ако сакаат да си го зачуваат достоинството, рече Мицкоски при посетата на Штип.