Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Од партијата информираат дека Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговарале за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата.

На средбата претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција, информира МВР.

Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните.