За мене претставува посебна чест еве што сум денеска поканет на овој преубав настан кој што го организира компанијата Киел која што го проширува своето производно портфолио на нови повеќе од 7.000 метри квадратни, овдека во индустриската зона овде во близина на Тетово.Од тоа што можев да слушнам дека се подготвуваат уште нови два плаца за уште едно дополнително проширување на производното портфолио на компанијата, изјави Мицкоски од Тетово.
Ние како идна влада имаме намера сите инвеститори да ги подржуваме на рамноправна основа и странските и домашните, да се бориме за секое едно ново работно место. Главен интерес и главен фокус на работењето на идната влада ќе претставува креирање на нови работни места, на добро платени нови работни места, понатаму зголемување на извозот, зголемување на бруто домашниот производ, а со тоа нормално и покренување на домашната економија. Мислам дека и самите бевте сведоци на пораките кои што беа упатени од овој настан, изјаву Мицкоски.
Јас нема што повеќе да додадам, компанијата се занимава со производство на седишта кои што можете да ги најдете во возовите кои што се обраќаат ширум Сојузна Република Германија, од тоа што разбрав и од пораките кои што стигнаа можам да заклучам дека овој производен капацитет ќе произведува за потребите на уште еден странски инвеститор, тоа е фабриката Ван Хол односно автобусите кои што фабриката Ван Хол ќе ги произведува за пазарот во САД, така што еве како идна влада би сакале да упатиме порака на соработка, поддршка, се бориме за македонската економија, за секое ново работно место да ги задржиме нашите граѓани овде во Македонија, кажа Мицкоски.