– Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска вероисповед кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар да им го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом, стои во честитката.
Лидерот на опозицијата пишува дека Бог не учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици.
– Во овие тешки мигови за човештвото, повеќе од кога било до сега ни е потребно заедништво и солидарност. Да се спротивставиме на злото и да си помагаме. Живееме тешко време, луѓето минуваат низ животни трагедии и сериозни искушенија. Можеме да победиме ако сме свесни за потребата од заедништво и менување на работите. Да го победиме вирусот и да продолжиме нормално со животот. Нека е за многу години Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!, напиша Мицкоски.
Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите верници од христијанска вероисповед кои го слават Велигден…
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, April 4, 2021