Од првата до последната буква јас ги охрабрувам и МВР кој што го води Оливер Спасовски и обвинителството на Русковска, и судството, од првата до последната да истражат, било каде, подготвен сум и со финансова полиција да го истражат секој денар кај мене, мои блиски пријатели и семејство и една точка и запирка да најдат дека јас сум умешан со овој случај што вие го кажавте јас сум подготвен да сносам одговорност, вели Мицкоски и додаде во спротивност да му се извинат од СДСМ. Но, исто така ако не барам да ми се извинат. Јас сум навикнат на лагите и конструкциите на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да ги следат случувањата бидејќи како што рече има чувство дека ќе излезе дека всушност блиски луѓе на СДСМ соработуваат со таа компанија. Но деновиве што следат да не излезе блиски луѓе до СДСМ сериозно во оваа сфера соработуваат со таа компанија која што ја спомнуваат.

-Имам такво чувство дека тоа ќе се случи, истакна Мицкоски.