Заминувањето на Заев е веќе готова работа.Прашање на време е кога тој ќе си замине, најпрво од премиерската, а потоа и од лидерската позиција во СДСМ. Изборот за партиски лидер ќе потрае сигурно неколку месеци, па очигледно е дека прво ќе биде избран премиер а потоа и нов претседател на СДСМ, коментира „Пресинг ТВ“
А до пред само една година ситуацијата беше сосема обратна. Заев жареше и палеше, особено осоколен од тенката победа на парламентарните избори благодарение на корона кризата и вонредната состојба во која се наоѓавме до гласањето, бараше промени во ВМРО-ДПМНЕ.
Под негова контрола дури и се правеа обиди да се организира смена на Мицкоски на некаков нелегален конгрес кој се разбира дека пропадна.
Во меѓувреме си организираше свој Конгрес внатре во СДСМ со променет статут според кој членовите на партијата кои се под негова контрола го избраа за старо-нов лидер.Се разбира без противкандидат.
Улогите сега се сменија. Заев ќе се збогува со партиската фунција, а по се изгледа и од политичката кариера, а Мицкоски речиси сигурно ќе биде реизбран на конресот во ВМРО-ДПМНЕ.
А и премиерската позиција ќе дојде, бидејќи новата влада очигледно ќе нема долг рок на траење.