Денеска сме во Охрид, продолжуваме насекаде низ Македонија онаму каде што се работи, каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат, за разлика од овие од владата на СДСМ и ДУИ кои што крадат. Тоа е една голема и суштинска разлика која што граѓаните ја направија на локалните избори, а убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат, ова денеска преку изјава за медиумите од Охрид го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Од она што можам да го заклучам и видам од досега со градоначалникот Пецаков што разговаравме, но и што го видовме на лице место после пет месеци повторно Охрид започнува да се гради, да се движат работите и ќе продолжи во таа насока. Иако беше изминатиот период некако сето замрено и стопирано низ цела Македонија, вклучително и Охрид, сега од ова што можам да го видам овде градежната офанзива е дел од Охрид и проектите овде во Охрид. Јас ја користам оваа прилика да им честитам и нему и неговиот тим од луѓе кои што се овде и сето тоа го работат, и да ги охрабрам уште позасилено да продолжат да работата во периодот кој што следи, вели Мицкоски.
Тој додава дека знам дека можеби ќе биде малку посложено бидејќи доаѓаат месеците кога започнува туристичката сезона овде во Охрид, но пред и после тоа треба уште поинтензивно да им покажеме на граѓаните дека ние сме различни, што впрочем тоа и го покажува Пецаков и луѓето кои што се дел од неговиот тим овде во општината.
-Јас сум задоволен од тоа што го гледам низ Македонија, низ градовите ќе повторам уште еднаш каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и задоволен сум бидејќи правиме разлика, а тоа го гледам и на анкетите, тоа го гледам и во бројките, тоа е практично онаа повратна информација која што ја добиваме од граѓаните на 5-6 месеци од завршувањето на локалните избори. Многу беше важно каков е првиот впечаток и можам да кажам дека во сите оние општини каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата впечатокот е навистина позитивен и многу подобар од колку тој кој што беше пред да се случат локалните избори, бидејќи знаете немате можност за прв впечаток втор пат да оставите. Така што тука би завршил, одлично е ова што се работи и ги охрабрувам така да продолжат и во иднина во периодот кој што следи, вели Мицкоски.