Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека дел од општините биле презадолжени и дека веќе се потврдени бројни злоупотреби од претходниците, имало луѓе кои земале плата, а не оделе на работа…

-Потребен е максимален ангажман за да се реализира ветено. Барам од градоначалниците да почнат по најмалку три капитални проекти од инфраструктурата. Барам да се откажат од привилегиите кои во минатото нивните претходници ги злоупотребувале, рече Мицкоски и ги повика и другите градоначалници кои не се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да го сторат тоа.

 

-Побарав од градоначалниците да излезат меѓу граѓаните и заеднички да ги решаваат нивните проблеми. Нашето место не е во удобните фотелји, туку меѓу народот, кажа Мицкоски.

Тој вели дека она што го зборуваат, треба да го спроведат на дела. Порача дека градоначалниците не смеат да ги изневерат граѓаните, затоа што Македонија е во сериозна криза. Мицкоски вели дека ако градоначалниците работат, граѓаните ќе знаат тоа да го ценат.

Во одговор на новинарски прашања тој потврди дека утре во 14,30 ќе биде поднесена иницијативата за почеток на процедурата за гласање на недоверба на Владата по формираното ново собраниско мнозинството од 61 пратеник.