Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу градоначалниците кои се од ВМРО-ДПМНЕ и коишто континуирано нешто ново градат, но и оние кои што се во Владата и континуирано крадат, изјави при денешната посета на Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За жал настанот е поради еден трагично загубен млад човечки живот. Убаво е игралиштето позади бидејќи е реновирано, реконструирано со поддршка на општина Гевгелија и со помош на Советот во општина Гевгелија заедно со градоначалникот Доне и јас сум навистина среќен и задоволен кога можам да присуствувам на вакви настани кога нешто се прави, кога нешто се гради затоа што разликата мора да биде јасна помеѓу градоначалниците кои што се од ВМРО-ДПМНЕ и коишто континуирано нешто ново градат, но и оние кои што се во Владата и континуирано крадат. Таа е разликата која што треба граѓаните да ја препознаат, рече Мицкоски и додаде:

Јас сум убеден дека таа ја препознаа на локалните избори и ќе ја препознаат на следните предвремени парламентарни избори кога коалиција што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во македонскиот парламент, додаде Мицкоски.

Уште еднаш честитам на Андон овдека за овој прекрасен спортски објект кој што сум убеден дека многу млади луѓе од овдека, од Гевгелија, многу кошаркари ќе го користат. За жал причината за сето тоа можеби е еден прерано згаснат човечки живот, нека му е лесна земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

И нека се множат уште многу вакви спортски објекти не само овдека во Гевгелија туку насекаде во Македонија бидејќи во спортот се гради и духот и карактерот на младите луѓе којшто потоа треба да прераснат во зрели личности кои што понатаму треба да ја градат Македонија, изјави Мицкоски.