Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ потенцираше дека од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, и уште поважно и позагрижувачки е тоа што хидроелектраните се на ниво од 18 проценти.

-Еве за вашата програма ексклузивна информација од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, а исто така ексклузивно хидроелектраните се на ниво од 18 проценти. Комплетно е потрошена водата, работиме со еден блок во Битола и тоа е се и нешто ситно во енергетика за затоплување на источниот дел на Скопје кој што се затоплува преку ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, оној делот на Автокоманда, Маџари, Железара, за тој дел на Скопје, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во своето гостување укажа дека и покрај ваквата состојба во енергетиката, владата набавува екстремно скапа струја.

-Знаете какво беше сценариото, на почетокот сценариото беше да работат трите блока во Битола, да работат двата котли, една турбина во Неготино, да работи Осломеј и хидропотенцијалот. Од се ова утрово работи само еден блок, вториот блок во РЕК Битола и хидрото ни е на 18% и сега веќе имаме повторно нова набавка на електрична енергија која што треба да биде од 21 до 27 некаде околу 32 гигаватчаса бараат струја. Среќа во целата несреќа е што времето сеуште некако не е до толку студено. Замислете да паднат температурите под 5 степени, како што ќе паднат, еве ако не сега следната недела ќе паднат веќе декември, јануари, февруари што ќе правиме тогаш? Е, ова е оваа наша влада, додаде Мицкоски.