Задоволство и чест е што денеска на покана на градоначалникот на општина Гази Баба сум на отпочнување на вака значаен проект. Можеби чудно делува кога зборуваме за земја која кандидат за член на ЕУ, а на воздушна линија на неколку километри од центарот на градот, живее население кое нема вода за пиење во 21 век, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска благодарение на општината, градоначалникот, советниците, пратениците кои доаѓаат од општина Гази Баба започнува проект во ова населено место во вредност од 8 милиони денари со кои ќе се реши овој децениски проблем, односно жителите на ова населено место ќе добијат вода, што е многу важно.

Сето тоа претставува само дополнителен мотив да направиме разлика помеѓу оние кои денеска седат во владата, а се дел од коалицијата СДС и ДУИ, и оние луѓе кои градат, а тоа се градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, најголемиот дел од нив имаат речиси реализирана програма која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, а некој просек од 60% веќе на половина од мандатот е на целата територија каде што има градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира отприлика 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба.

Убеден сум не само што ќе биде предвреме исполнета програмата, туку и ќе бидат направени проекти кои не беа ветувани и не беа дел од програмата за локални избори.

Само можам да ги охрабрам луѓето кои овде тимски работат, градоначалникот, администрацијата, советниците, пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата така да продолжат да ги реализираме овие проекти затоа што мораме да покажеме и докажеме дека не се сите исти, дека има такви кои крадат како што се овие во владата и такви кои градат, а тоа се градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додава Мицкоски.