-Впрочем ја користам оваа прилика да ги повикам сите останати 59 пратеници кои што ценат дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев води погрешна политика, не реформска политика, политика која што не направи најкорумпираната и најкриминална влада држава во Европа, рекорден по бројот на луѓе кои што го загубија својот живот од ковид пандемијата, со катастрофа во образованието, на дното сме на Балканот според странските инвестиции, пред некој ден прочитав дека во оваа 2021 година во Србија влегле повеќе од 3 милијарди евра странски инвестиции, а кај нас таа бројка е едно 20 до 30 пати помалку. Така што сите оние пратеници кои што веруваат дека оваа катастрофа која што ја предводи денес СДСМ и Зоран Заев е навистина катастрофа се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива која што ја започнавме за прогласување односно изгласување на недоверба на владата, изјави Мицкоски.
Мицкоски: Имаме мнозинство на пратеници, но ги повикувам и сите други да поддржат смена на власта
М
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител вели дека е обезбедено мнозинство за гласање на недоверба на владата на СДСМ и Зоран Заев, повикувајќи ги останатите 59 пратеници кои сметаат дека оваа власт води погрешни политики да им се придружат кон оваа иницијатива.