Според меѓународниот монетарен фонд ние ќе имаме најголема инфлација во регионот – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на „Зелен пазар“ во Скопје со кандидатката за градоначалник на Центар, Наташа Котлар.

Мицкоски додаде дека оваа влада ги исцрпи сите капацитети и можности кои ги имаше на располагање, затоа за да се спаси државата треба да се повлечат од институциите кои ги раководат и на тој начин ќе остават простор на луѓе кои се компетентни.

Тука на пазарот видовме и слушнавме дека цените одат нагоре, а куповната моќ на граѓаните оди надолу. Инфлацијата е факт и единствен лек за да се спречи е овие луѓе кои се уште се во институциите да ги напуштат истите – изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта не само што не е способна да се справи со инфлацијата во Македонија, туку не е способна да се справи и со енергетската криза која ни претстои