Во вчерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека најголемиот историски противник на пензионерите е токму оваа Влада на СДСМ и ДУИ, тој е непријателот.
-Ги замолувам граѓаните да не наседнуваат на ваков тип политичари кои во немоќ и политичка и интелектуална се обидуваат да ги навредат луѓето кои во тие години заслужуваат достоинствен живот бидејќи целиот свои живот работеле за да во тие пензионерски денови имаат пристоен нормален и достоинствен живот, посочи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека барањата на оваа категорија граѓани се оправдани.
-Пензионерите не бараат планини, пентхаус, возила од стотици илјади евра туку тие бараат пристоен живот. Од другата страна имате официјално владино лице кое ги убедува дека тие со 20 илјади денари ќе можат да го поминат месецот, кажа Мицкоски.