Гаранции пред промената на Уставот

Додека во исчекување е бугарска влада и сѐ поверојатно е дека Бојко Борисов повторно ќе биде бугарски премиер. По изборите во Бугарија, повторно се отвора прашањето за менување на Уставот, а по ова прашање премиерот Мицкоски уверува дека мора да се биде претпазлив, но и да се добијат гаранции за да нема понатамошни условувања.

Иако извештајот на ЕК не е објавен, јасно е дека уставните измени ќе бидат клучот за продолжување на евроинтегративниот пат.

Мицкоски: Да не се носат избрзани одлуки

Претседателот на Владата е да не се носат избрзани одлуки какви што носеше претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Мицкоски инсистира секој потег во државата да се носи претпазливо.

Се разбира дека треба да се добие било каков сигнал да одиме чекор напред. Можевме многу порано ова да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Ние не сме ниту Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме наивни да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес е државата, македонските граѓани, евроинтегративните процеси и тука сме во првата линија да ги браниме и да се бориме. Така што, имајте доверба, никогаш нема да го засрамиме граѓанинот. Имаме заедничка цел – Македонија да биде дел од македонското семејство, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Влада во Бугарија

Во меѓувреме, претседателот на Владата, Мицкоски му честиташе на Бојко Борисов за победата на изборите во Бугарија каде извесно е дека тој би можел да ја состави идната влада.

ВМРО-ДПМНЕ и бугарската ГЕРБ се во истата група во Европскиот парламент, Европска Народна Партија што многумина гледаат како можност за договор меѓу двете страни.