– Ќе се фокусираме на проблемите на граѓаните. Луѓето се уморни од политиката, разочарани се, и ние треба да им ја вратиме вербата, вели Мицкоски.

Оттука рече Мицкоски она што ние ќе го направиме е понуда на програма со решенија.

– Она што го прави Шилегов, еден самобендисан човек како него, се гледда дека сега не е во своите чевли. Имаше проект Илиденска да ја спои со Ѓорче и од тоа нема ништо. ВМРО-ДПМНЕ е различно ќе понудиме програма со решенија за реалните проблеми, она што им треба на граѓаните, кажа Мицкоски.