Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денес во Општината Бутел ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, Бутел 2 по 60 години ќе добие нова детска градинка чиј капацитет ќе дозволи згрижување на над 200 дечиња. Инвестицијата е над 100 милиони денари. По завршувањето на настанот предвидени се изјави за медиумите.