Сакам да укажам на важноста на моментот од кој произлезе и самиот наслов на оваа теренска активност, а тоа е „Важно е!“. Важно е од тебе, од вас зависат промените, важно е да се запали црвената сијаличка, веќе не сме 5 до 12, можеби е 12 и 30 и сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на средба со граѓани во Миравци во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ преку оваа теренска активност го повикува секој еден граѓанин да не седи дома, да не остане надвор од процесот на промени туку директно да се вклучи и да влијае на промените.
– Ќе има многумина кои ќе сакаат да ве демотивираат, да ве обесхрабрат, ќе има многумина кои ќе ви велат дека „секако ВМРО-ДПМНЕ победува, до мојот ли глас дошло?“. До секој еден глас е дојдено, до секој еден човек е дојдено затоа што следните избори и претседателски и парламентарни се референдумско изјаснување во која насока ќе движи Македонија и каква иднина ќе има Македонија, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека прашањето е дали сакаме ваква предводена од СДС и ДУИ полна со криминал, корупција, политички криминалци кои наместо да гледаат за иднината на својот народ, гледаат само за сопствената иднина и џеб или иднина која ВМРО-ДПМНЕ ја ветува со јасен план за развој и економски просперитет.
– Дали иднината повторно ќе продолжи да ни биде онаква каква што изминативе години ја симболизира преку она што се симболизира преку она монструозно и грозоморно дејство на Клиниката за Онкологија, каде поединци на маката на луѓето печалеле или иднина која ние ја нудиме со јасен план и визија за едно модерно вистинско здравство кое ќе одговори на потребите на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски исто така додаде дали сакаме иднина каква имаме денеска кога нашите најмили, нашите деца и покрај тоа што помина месец и половина од почетокот на учебната година се уште немаат добиено учебници за да може наставниот процес да го следат внимателно и стекнат знаење, или иднина во која ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека има план, има визија и има стратегија како до вистинско образование.
– Како редовен професор на УКИМ знам која е маката на моите студенти и нема потажно кога 8 до 10 студенти на моето прашање како и каде понатаму ми даваат одговор некаде надвор, се чувствуваат обесправени, посочи тој.
Мицкоски се осврна на уште еден горлив проблем во земјава и истакна дека изборот е дали иднина каде што криминалот и корупцијата ќе бидат главен сврзен елемент во владата, тендерите во четири очи, богатењето на грбот на граѓаните или транспарентноста и отчетноста.
– Поминаа речиси две години од последните локални избори и јасно беше дека очекувањата не беа такви, но две години нема сомневање за сторен криминал и корупција на ниту еден човек од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека од друга страна во владата кај ДУИ и СДС гледаме на дневна основа. Затоа кога ви велат дека не зависи од вас, дека се е решено, дека попусто е, да застанете и да се борите до крајната цел, Македонија онаква за кава сонуваме и замислувавме. Не треба да престанеме да се бориме. Ако доволно силно се бориме ќе стигнеме до крајната цел и Македонија ќе биде она за кое секој сонуваше, модерна и европска развиена земја, нагласи Мицкоски.