-Решивме во првиот круг да ги поддржиме кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива во скопски Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Теарце и неколку помали општини. Нашата коалиција кога ја најавивме беше коалиција против срамот, криминалот и корупцијата и се здруживме за да ги ослободиме граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност од ова политичко мочуриште кое е дел од владата предводена од СДСМ и ДУИ и принцииелно договоривме коалиција во тие општини. – рече Мискоски.
Мицкоски рече дека во тие општини ќе ги поддржи кандидатите на Алијанса и Алтернатива во првиот круг и дека таму нема да одат со нивен кандидат.