– Не велам да не преговараме, да преговараме за тоа за кое што треба да нѐ одведе два века напред а не два века назад. Треба да се сериозни, политиката е сериозна работа не е циркуско шоу па денес едно, утре не важи. Ние треба да имаме јасен правец и јасна стратегија, а овие луѓе немаат. Никој нема право да зборува за мојот идентитет, кој е тој политичар кој што ќе бара решение за македонскиот јазик? Македонскиот јазик е мојот идентитет, како смее да се дрзне некој да го спори мојот јазик кој што е кодифициран и меѓународно признат? Тоа едноставно не се преговара, тоа е атрибутско и не се преговара. – рече Мицкоски.

Мицкоски продолжи и кажа дека никој не му дал право ниту на Бујар Османи да изјавува дека имал решение за македонскиот јазик без да го слушне гласот на мнозинскиот етникум. Никој не му дал право да преговара ниту за неговиот јазик, ниту пак за идентитетот.