Лидерот на политичката партија Христијан Мицкоски на трибина „Промоција на политики- Македонија за сите луѓе“ истакна:
-Од денеска почнуваме презентација на политиките кои што ги опфаќа концептот „Македонија за сите луѓе“, денеска навидум започнуваме со една тема која што не е можеби политички многу атрактивна и интересна, а тоа е Енергетиката и екологијата, но се суштински значајни за една држава да се развива во вистинска насока.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која се држи до дадениот збор и до тоа што го ветува и тоа што го ветува го исполнува.
-Будејќи ние не сме партија на политички циркузанти кои што во својот реќник користат вулгарни зборови, бидејќи не сме партија на политички измамници, која што едно збори пред граѓаните, а друго прави, па потоа заборава на своите лаги и ветувања за да ги каже новите лаги и ветувања. Ние сме партија која што се држи до дадениот збор и до тоа кое што го ветува, тешко ветува, тоа го исполнува, рече Мицкоски.
Тој исто така најави дека во деновивте што следат ќе има ваков тип на презентации ширум Македонија.
-Овој концепт оваа презентација на „Македонија за сите луѓе“ опфаќа буквално за секого по нешто и во деновите кои што следат ќе имаме ваков тип на презентации пред граѓаните ширум Македонија на различни концепти и различни политики кои што се содржани во овој концепт „Македонија за сите луѓе“, најави тој.