-Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан, рече Мицкоски.

Според него сега нема ништо ново, туку само слеп поклоник и послушник на политиките на Заев.

-Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилиото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи, посочи Мицкоски.