Секогаш е задоволство да се присуствува на нови проекти, на реализирани ветувања и навистина не можам да го скријам задоволството. Навистина сум задоволен и среќен од ова што го гледам денеска во Велес, за разлика од тоа што изминатите неколку години се случуваше, односно не се случуваше и покрај тоа што беше ветувано, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Велес.
-Убеден сум дека Марко во период кој што следи како градоначалник на Велес заедно со советот, заедно со претседателот на советот, заедно со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе додадат вредност и уште повеќе проекти ќе реализираат во периодот кој што следи. Убеден сум дека целата програма која што беше ветена за време на кампањата ќе биде реализирана така што на крај можам да кажам дека и понатаму посакувам сето тоа што го започнаа да го завршат успешно, и тоа што не е ветено а ќе биде од корист на Велешани да биде реализирано. Марко е можеби помалку скромен во тој дел кога зборува за последиците со справување со енергетската криза, но јас можам да кажам дека и покрај тоа што тој има исклучително голема идеја, квалитетна идеја да постави фотоволтаици, фотопанели со што би го амортизирал ударот, но и тука во Велес како и секаде во Македонија таа ќе се почувствува поради неподготвеноста од страна на владата, вели Мицкоски.
Тој додава дека исто така има неколку проекти кои што се однесуваат на општина Велес, а кои што стојат закочени во МОН, а кои што се потребни да се реализираат, како што се спортски сали, реконструкција на училишта итн, и дотациите се намалени. Сето тоа така се прави затоа што ете градоначалниците не се од коалицијата СДСМ и ДУИ, туку ете се од редот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа во општините каде што имаме малкумина од редот на СДСМ и ДУИ, не е случај. Така што јас му честитам како се справува со енергетската криза и покрај сите предизвици и навистина до сега може да каже и он и велешани што се однесува до општината тие прават се и ќе продолжат да прават се да обезбедат непречен процес на образование и на воспитување на децата во градинките. рече Мицкоски.