Можна е лидерска средба, но на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека се останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави.

-Во минатото многу работи ставивме на маса. Пред повеќе од една година, буквално се беше на маса. Но, тие ништо не успеаја да направат. Исто така, во овие година дена континуирано, и покрај тоа што никој не не прашуваше кога се правеше тој договор, ние нудевме потенцијални решенија, како што е хрватски модел, одложено дејство… Но, сега нема ништо повеќе на маса, само една работа – лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.