– Ви честитам за вашата значајна и огромна победа во првиот круг на локалните збори на 17 октомври, вклучувајќи ги важните победи во Аеродром, Штип и Велес. Граѓаните ја поддржаа позитивната и обединувачка кампања, фокусирана на изнаоѓање решенија и проекти кои ќе ја придвижат вашата земја напред. Затоа, во вториот круг на 31 октомври, на нашите кандидати им посакуваме се најдобро, особено во Скопје, Битола и Охрид. Промените се неопходни и промени се возможни, како што се потврди во првиот круг. Сега е ваша одговорност да владеете со нашите заеднички европски принципи и стандарди за подобар живот на граѓаните почнувајќи на локално ниво, вели Волер во видеопораката.
Благодарност за поддршката од Патрик Волер, секретарот за меѓународна соработка на најсилното политичко семејство во ЕУ, EPP – European People’s Party.
Новата иднина за сите луѓе е заедничка битка за стандарди и вредности какви заслужуваме. Победата на локалните избори е огромниот чекор за промени, проекти и победи. Заедно до новата иднина!
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, October 26, 2021