„Комшиите градоначалници“ од власта, како што ги нарее, кои се со по еден стан од секоја нова зграда ќе им биде испитано потеклото на имот и ќе бидат проверени дали имаат скриен имот.

– Тоа се повеќето кметови од власта во поголемите градови каде обилно се гради, па во секоја зграда наместо куферче во кеш добиваат станови во посед. Ги викаат „комшии“ не затоа што се отворени кон народот, туку затоа што се отворени за криминалот. Е, затоа ќе одговараат, а становите ќе им бидат одземени веднаш по смена на власта. Тие би биле одлични домови за многудетни семејства или луѓе кои немаат црвст покрив на главата. Тоа ќе се случи веднаш по промената на власт, порача Мицкоски.