-На овие избори изборот е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда, да биде Македонија достојна, да биде Македонија твоја ваша или пак да биде Македонија засрамена, понижена, ограбена. Тоа е изборот. Ве молам немојте да наседнувате на реториката на власта која што сака да ви ја наметне дека тие биле за ЕУ, Европски фронт, а ние сме биле против ЕУ. Тоа не постои. Изборот е или Македонија ваква каква што си ја сакаат огромно мнозинство граѓани или Македонија онаква каква што ја сакаат овие неколкумина од ДУИ и измеќарите од СДСМ!, пишува Мицкоски во својата објава.