Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе одржи работен состанок со тимовите од акцијата „Ова е Македонија за сите“.

На состанокот, информираа од ВМРО – ДПМНЕ, ќе бидат разгледани извештаите за проблемите со кои што се соочуваат граѓаните, како и можните решенија за нивните проблеми и идеи.

По завршување на состанокот изјава за медиуми ќе даде Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.