Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и проф. др. Трајко Славевски оствари средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било потенцирано дека Северна Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот.
Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакна на средбата претседателот Христијан Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции.