Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска остварија средба со Овен Паун – директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Мицкоски потенцираше дека власта потфрли да ги заштити граѓаните и навреме да обезбеди вакцини против КОВИД-19. Поради тоа заостануваме позади Европа и регионот како една од земјите кои најмалку вакцинира, но пострашно е што лошото справување со пандемијата предизвика Македонија да се наоѓа често во врвот на земји со најмногу починати на листите на милион или 100.000 жители.

Во однос на политичката ситуација Мицкоски потенцираше дека власта со бројните коруптивни афери како што издавањето на лажни идентитети на најбараните криминалци во Европа, како и двојните идентитети на македонски граѓани ризикува да го загрози безвизниот режим на земјава, како и ја наруши довербата кај меѓународната заедница. Дополнително Мицкоски посочи дека за коруптивноста на власта и инволвираноста во криминали доказ се последните случува со заплена на дрога и коруптивни афери во кои осомничени се владини функционери и лица блиски до власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи и дека власта катастрофално се справува со економската ситуација, а како резултат на тоа 60.000 граѓани веќе се останати без работа, а десетици илјади бизниси се затворени бидејќи мерките кои се носат се недоволни да одговорат на реалните потреби на граѓаните и стопанството.

На средбата се дискутираше за одличната досегашна соработка помеѓу искрените партнери и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ во целиот изминат период. Во иднина планираме продлабочување и проширување на соработката во подготовка на програмата и работата пред следните избори, изјави Мицкоски.