Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ во Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.
Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните.
Мицкоски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Македонија за влез во Европската унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти.
Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување.