Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со туристичките работници кај автопатот Кичево – Охрид, во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Туристичките работници укажаа на проблемите со кои се соочуваат, а како најголем го издвоија проблемот со патната инфраструктура истакнувајќи пред се’ дека автопатот итно треба да се заврши.
Мицкоски меѓу другото истакна дека еден од главните приоритети од првиот ден на формирањето на новата влада ќе биде токму завршувањето на овој автопат.