Мандатарот Христијан Мицкоски очекува во вторник да го достави комплетниот список на министри кои ќе ја сочинуваат Владата до Собранието, пренесе Скопје1.
Тој не соопшти имиња кои ќе ја сочинуваат новата Влада.
„Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.