Најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови, со промена на системот односно со користење на гасот кој ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, планот е во еден четири годишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух, а со тоа да имаме и поздрави сограѓани – потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оваа политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е за да се обезбеди почист воздух за сите граѓани и здрава животна средина, преку менување на системот за затоплување во домовите кое голем фактор за загадувањето на амбиенталниот воздух, како и посочи дека почистиот воздух не дојде со „животот“ и ветувањата од градоначалниците од власта, но ВМРО-ДПМНЕ со нова методологија и политики истиот ќе го обезбеди за сите граѓани.